18 Мај, 2024
0.0299

Пивара Скопје: 90 години поминаа, а ние штотуку почнуваме!

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Големиот број гости и пријатели на Пивара Скопје, овој вторник, во Македонскиот народен театар, беа дел од временската машина која ги однесе на виртуелно патување низ 90 годишната историја, но и кон иднината на една од водечките македонски компании - Пивара Скопје, која е дел од глобалните семејства на Coca-Cola и Heineken.

На автентичен, уметнички и атрактивен начин, „зачинет“ со прекрасниот мултимедијален настап на врвни уметници, на гостите им беше раскажана една од највозбудливите домашни деловни приказни која е длабоко врежана во животот на нашата заедница.

pivara 1

„Секој што барем еден ден поминал во Пивара Скопје, разговарал со некој од нејзините луѓе кои се нарекуваат „Пиварци“, или имал прилика да се увери во квалитетот на нејзините брендови, е свесен за Пиварската автентична приказна за предводникот на прогресот во развојот на корпоративната култура во Македонија што прерасна во репер за успех и квалитет во домашната индустрија за производство на пијалаци, но и на севкупниот живот на зедницата. Тоа е огромно наследство за сите нас во Пивара Скопје, но и за сите генерации што ќе се грижат за нејзиниот развој во иднина, затоа што 90 години поминаа, а ние штотуку почнуваме“, порача генералниот директор на Пивара Скопје, Александар Ружевиќ, заблагодарувајќи им се на сите генерации вработени во Пивара Скопје кои го вградиле своето знаење, енергија и љубов во успехот на компанијата и нејзините брендови.

pivara 2

Присутните на прославата се потсетија на почетоците на Пивара Скопје од пред девет децении, како најава за индустријализацијата на земјата, преку периодот на инвестициски процут во кој се воведени најсовремените стандарди за менаџмент и лидерство во сите бизнис сегменти во земјата, па сѐ до нејзиниот придонес и долготрајна, конзистентна поддршка на традиционалните вредности на заедницата, но и на новите, современи трендови на живеење. Токму во овој дел, актуелно е значењето на партнерството на Пивара Скопје со македонскиот репрезентативен ракомет кое континуирано трае веќе 34 години, како и за резултатите од Програмата за едукација и обука на Пивара Скопје низ која за 17 години поминаа над 3.300 млади перспективни луѓе од земјава, стекнувајќи сѐ со знаења и вештини кои им помогнаа да прераснат во следната претприемничка и менаџерска елита во земјата.

Приказната за наследството на Пивара Скопје содржи и проекти за одговорен однос кон пиењето, за воспоставување највисоки стандарди и вложувања во заштитата на екосистемот, како и во обезбедување безбедна и здрава работна средина. Тоа знаење несебично се споделува и со младите кои се поттикнуваат да го практикуваат активниот и здрав животен стил кој подразбира балансирана исхрана и редовни физички активности. На ваков начин, преку својата конзистентна подршка на сето она што е значајно за вработените, за потрошувачите, за соработниците, со еден збор за сите во нашата заедница, Пивара Скопје уште еднаш потсети на својата големина и значење, најавувајќи дека и во иднина ќе го темели и споделува својот успех врз основа на потребите на сите сегменети од заедницата на која и припаѓа.

pivara 6 pivara 5 pivara 4 pivara 3

 

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата