29 Април, 2024
0.0300

Питачи на улица, а живее во стан од 350.000 евра

Објавено во: Стил 07 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Со натпис на кој пишува дека моли за помош, Сајмон Рајт секој ден седел пред банката NatWest во искината облека со своето куче.

Минувачите дневно му давале вкупно од 200 до 300 фунти, а после „работата“ би одел во својот стан во Фулам, во источен  Лондон, кој чини 300.000 фунти.

Полициајта тврди дека често одел до локалната обложувалница, каде вложувал поголем дел од добиените пари, а и дека често износот двојно му се зголемувал.

- Користел знак на кој пишува дека е бездомник, а всушност има стан. Тоа е измама. Така ги поминувал деновите веќе три години, а улицата Патни е добра локација за питачење затоа што таму се наоѓаат канцелариите на многу фирми и добри бутици, велат од полицијата.

Еден од луѓето кој работат во близината, а кој често на питачот му давал по пет или десет фунти, многу е огорчен поради измамата.

- Не можам да верувам дека питачел и го користел сожалувањето на луѓето кои живеат во станови помали од неговиот, рече Крис Фавершам.

- Намерно барал луѓе кои биле на банкомат и беше многу агресивн и незгоден кон оние кои не сакаа да му дадат пари, рече локалниот одборник.

Рајт е уапсен поради ситни прекршоци и одредена му е забрана за питачење по улиците, но и доаѓање во квартот чии жители ги „крадел“ повеќе од три години „работа“.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти