26 Април, 2024
0.0446

„Пишувам за сите оние кои се расположени да читаат!“: Интервју со успешната средношколка Мирјана Кирова

Објавено во: Стил 23 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Мирјана Кирова од Просениково има 15 години, учи во СОУУД „Димитар Влахов“ и има една огромна желба –  сака да стане психијатар.  Мирјана освен што е вљубеник во литературата, танцува и ја пишува својата прва книга, има освоено многу награди и е активна и на многу полиња. За себе вели дека еден ден освен психијатар сака да стане и писателка која со неколку тетратки ќе патува по светот. За желбите и успесите на оваа успешна средношколка прочитајте во продолжение...

Ти си физиотерапевтски техничар, но истовремено се занимаваш со модерен балет и пишување проза и поезија, па каде ја нaоѓаш поврзаноста меѓу овие сосема различни области?

Мојата желба е да станам психјатар, но јас како петнаесет годишнa, не се чувствував подготвена да учам во друг град, а во Струмица опциите не ми беа баш големи. Пишувањето и психијатријата се многу поврзани. Мојата идна професија како физиотерапевт се поврзува со мојата емотивност и желбата да им помагам на сите околу мене. Од друга страна, балетот и музиката заземаат дел од мојот живот уште од најрана возраст и научив како да ги изразувам своите емоции преку танцувањето. Во глобала, можам да заклучам дека сè е поврзано со моите емоции.

Целиот текст читајте го на Хаштаг.мк тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти