Пиратите во Исланд ќе формираат Влада
Објавено во: Свет 03 Декември, 2016
Партијата на пиратите доби мандат да прави Влада во Исланд.
Партијата е формирана од активисти, анархисти и поранешни хакери, а во моментов е трета политичка сила.
Таа на предвремените избори во октомври стана трета политичка сила во земјата.
Името доаѓа од нивната желба за целосна слобода на интернет. Повеќето кадри на партијата немаат искуство во политиката и не биле на раководни позиции.
БиБиСи потсети дека партијата постои само од 2012-та година, но веќе ужива голема јавна поддршка.
Во врска со резултатите, партијата на пиратите доби право да формира Влада во Исланд, а претседателот Гудни Јоханесон веќе им го врачи мандатот.