15 Мај, 2024
0.0265

Пина Колада: Совршен летен рецепт

Објавено во: Стил 17 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Овој вкусен летен коктел на база на рум е вистинско доживување, а ние ви донесуваме и оригинален рецепт за овој освежителен пијалок.

Постојат многу приказни за потеклото на самиот коктел, а една од нив е дека коктелот настанал во 1957 година во „Karibe Hilton hotelu“ во градот Сан Хуан во Порторико, поради што овој пијалок се смета и за официјален пијалок на Порториканците. Според оваа верзија коктелот прв го направил Рамон Мончито Мереро, тогашен бармен во хотелот.

Другата верзија пак ни говори дека човекот кој ја измислил Пина Колада не е од Карибите туку од Европа, а неговото име е Рикардо Гарсија.

 Еве го и рецептот за овој освежителен пијалок.

-50 мл бел рум - 100 мл сок од ананас

 -25 мл кокосово млеко

-2 шолји кршен мраз

Подготовка:

Состојките ставете ги во блендер и миксајте додека не се соединат. Сервирајте во поголема чашаа и декорирајте по желба.

Потребни состојќи: