04 Мај, 2024
0.0252

Петтиот Самит на Македонија2025 – Поттик за македонските претприемачи да целат кон интегриран настап поддржан од технолошките напредоци

Објавено во: Мои пари 21 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Македонија2025 на 20 и 21 октомври го реализираше петтиот самит и со тоа комплетираше уште еден успешен обид за инволвирање на македонската деловна и експертска заедница во актуелни теми кои имаат импликации за развојот на нашата земја. Повеќе од 250 гости на 11 панели и неколку настани за поврзување ги слушнаа експертските увиди на 40 говорници од повеќе од 25 земји во светот. Самитот понуди повеќе возбудливи и информативни насоки за развивање на економијата преку користење на паметни технологии и обновливи извори на енергија.

Говорниците дискутираа за револуцијата на еколошки возила,  развојот на паметни градови,конективноста помеѓу платформи и користење на природните благодети на земјата кон стимулирање на развој на одржлива економија. Експерти од Италија, Норвешка, Полска, Јапонија споделија детали од најдобрите практики од светот кои можат да бидат имплементирани и во Македонија.

Главниот говорник на самитот, раководителот на Вотсон центарот на ИБМ во САД, Гурудут Банавар, одржа впечатливо предавање за тоа како динамичните системи за анализирање и процесирање на податоци се користат во развојот на паметни градови, како што тоа е случај со Рио де Жанеиро.Банавар изјави дека единствениот начин да се оди кон иднината е преку грижа за зачувувањето на животната средина и здравјето на луѓето преку  проширувањето на соработката помеѓу луѓето и паметните машини или роботи.

Самитот ја претстави и проактивната страна на Македонија како земја која ги развива своите потенцијали во дигиталната соработката со клиенти од целиот свет и како земја која има потенцијал да биде центар за паметни индустрии.. Мишо Марковски од компанијата Apps Run the World, со истражувачки центар во Куманово, ги повика младите и надежни програмери да продираат во технологијата на „клауд“ апликациите. Михаел Мизрахи, инжинер и раководител на технолошкиот акселератор АтоБеод Израел, претстави листа од „алатки“ и методи на поддршка кои неговиот акселератор ги применува кон претварање на една добра идеја во прототип и потенцијална комерцијализација. Шила Кампањано од xTrade Europe, со канцеларија во Скопје, кажа дека причината за инвестирање во Македонија била способноста на луѓето. Панелот на кој беа презентирани жени лидери порача дека улогата на жените е исклучително важна за одржливиот развој на секоја земја.

Претседавачот на Македонија2025 Роберт Арсов нагласи дека организацијата исполнува важна улога во поврзување на деловни професионалци и дека се надева на проширување на деловната заедница што е проактивно посветена на напредокот на Република Македонија преку развивање на паметни, иновативни и атрактивни производи и услуги. Тој изјави: „Тоа што ние го очекуваме од деловните професионалци, експертите, иноваторите, претприемачите во Македонија, е да размислувааат кон менување, односно унапредување на целокупната слика што се однесува на економскиот развој. На самитот ги зачнуваме идеите и инспирацијата за да можеме да замислиме во која насока може да се развива и поврзува нашата земја.Факт е дека Македонија се развива, дека ги турка границите, особено во ИТ сферата, и прашање на време е кога ќе има поголема интеграција на паметни системи што ќе ни го подобрат стандардот“.


Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото