05 Мај, 2024
0.0231

ПЕТСТОТИНИ ДОМАЌИНСТВА ОД ЧАИР БЕЗ ПАРНО: Топланата Скопје север не смее да работи на мазут

Објавено во: Економија 26 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Поради немање финансиски средства за цел месец однапред да платат за гас, а поради тоа што Град Скопје не им дозволил да испорачуваат греење со помош на мазут, Топланата Скопје Север од денес не може да испорачува парно до петстотини домаќинства.

Директорот Куштрим Рамадани, во изјава за „Фактор“ истакна дека биле исклучени од системот. 

- Испративме известување до Град СКопје согласно еколошката дозвола дека ќе почнеме да работиме со мазут. Вечерта дојде инспекција, која измери издувни гасови и добивме решение за забрана за работа на мазут. Ние не сме во можност да испорачуваме топлинска енергија сега.  Преговараме со ЕСМ да ја земат топланата под закуп, но има процедура која трае, треба одбор на доверители кои треба да гласаат, треба собрание да се свика... Нечовечки е стари луѓе, деца, сите тие граѓани да останат без греење во овие студени денови - истакна тој.

Тој нагласи дека во 2021 година биле потрошени 105 тони мазут во земјава, а ним им се потребни 20 тони и заради тоа се смета дека ќе направат еколошка катастрофа, а тоа се 0,4 промили во однос на вкупно потрошеното.

Факт е дека гасот е поеколошки енергенс од мазутот. 

Можеби ќе ве интересира

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите