Петрушев отповикан од Надзорен одбор на Тиквеш
Објавено во: Економија 23 Јули, 2018
Ѓорѓи Петрушев е отповикан од функцијата независен член на Надзорниот одбор на винарската визба Тиквеш. На негово место е именуван Миле Бундовски.
Петрушев е отповикан поради неговото заминување од компанијата во друга. Инаку тој своевремено беше и генерален директор на друштвото. Во 2011 година од компаниајта соопштија дека на негово барање заминува од директорската позиција.
Инаку уште пред повеќе од половина година Петрушев е директор на Млекара Битола.