Маските ќе бидат задолжителни за сите, полицијата ќе фотографира за доказ
Објавено во: Македонија 20 Април, 2020
Олабавувањето на рестрикциите во Македонија ќе биде во фази. Во првата фаза, ќе се намали времетраењето на полицискиот час, но задолжително сите ќе мора да носиме маски или марами, а ќе останат и мерките за забрана на групирања и задолжителна дистанца од 2 метри, објави потпреседателот на СДСМ Коста Петров. Информациите подоцна ги потврдија и од Владата.
Целта е да не се даде можност за казни без покритие. Во врска со олабавувањето на рестрикциите на територија на цела држава, тоа ќе се одвива во неколку фази. Се прават планови за да се намали времетраењето на полицискиот час но задолжително сите ќе мора да носиме маски/марами а остануваат и мерките за забрана на групирања и задолжителна дистанца од два метри
Инаку задолжителното носење на маски/марами од среда се однесува на 3 града, а тоа се Прилеп, Куманово и Тетово.
„Во уредбата која треба да се донесе во врска со казнувањето, ќе стои дека првата недела ќе се даваат само опомени, дури потоа казни. Полицијата има обврска да има фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна. Целта е да не се даде можност за казни без покритие. Многу важно, целта на оваа уредба, се разбира, не е казнување, туку обезбедување на пошироко почитување на правилата, пишува Петров.