01 Ноември, 2024
0.0267

ПЕТКОВ ПРЕД ПОСЕТАТА НА СКОПЈЕ: Треба да ги исчистиме деструктивните сили и во Северна Македонија и во Бугарија, кои тежнеат кон назадување

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Бугарскиот премиер Кирил Петков кој во вторник пристигнува во Македонија на средби со новата Влада, во интервју за МИА  посочува дека доаѓа со конструктивен тон и подготвеност за нов почеток, кој ќе биде подинамичен, попрактичен, ослободен од досегашните декларативни заложби и насочен кон конкретните важни прашања.

Смета дека постојат деструктивни сили и во Северна Македонија и во Бугарија, кои тежнеат кон назадување и работат против добрососедството, за борбата против корупцијата во неговата земја, но и во еден поширок контекст во регионот на Балканот.

– Ние треба да ги исчистиме сите оние кои заработуваат на грбовите на нашите народи. Затоа што има една мала група на луѓе, кои преку корупцијата заработуваат на сметка на сите останати. И јас мислам дека тие се дел од деструктивните елементи кои се поврзани и кои го поставуваат прашањето дали е добро или не е добро добрососедството меѓу двете земји, вели Петков.

Целта на посетата, како што вели тој, е да се направи програма за средбите на тие работни групи, кои би се состанувале секоја од нив еднаш месечно, со што би се остварил напредок по сите прашања.

– Ние треба постојано да комуницираме, да напредуваме. Моите надежи се дека во следните месеци реално и тоа се обидувам да го договорам за време на нашата посета, кога ќе дојдам е да ги направиме тие пет работни групи – за економија, култура, инфраструктура, евроинтеграција и историја. Не сакам само политичарите да доаѓаат и да говорат, кога говорам за економија сакам да ги видиме сите наши фирми кои сакаат и имаат интерес за Република Северна Македонија, сите фирми од вашата земја, кои имаат интерес за Бугарија. На таа средба политичарите не се потребни, на таа средба се потребни луѓе, кои сакаат да работат, да прават бизнис заедно, додава Петков, кој напоменува дека тој лично како премиер не може да разбере како се уште меѓу Скопје и Софија нема директна авионска линија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта