Пет причини зошто не можете да најдете работа
Објавено во: Економија 20 Мај, 2017
Барањето работа е тешко, а доколку ве одбиваат тоа ќе влијае на вашата самодоверба.
Затоа е потребно да обрнете внимание на начинот на кој барате работа.
Можеби ги правите овие грешки:
1. Не сте доволно активни
Ако чекате работата „да ви падне од небо“, тогаш шансите да најдете работа е многу мала.
2. Ви фали страст
Иако некои вештини може да се научат, сепак страста ако ја немате, нема да ја научите.
3. Не знаете да се продадете
Кога барате работа треба да знаете „да се продадете“. Ако на вистински начин не го презентирате вашето знаење, вештини, искуство, нема да ве вработат.
4. Неквалитетно CV
Доброто CV e прв чекор кон вработување. CV-то треба да биде кратко, јасно, да има информации за образованието и работното искуство.
5. Не го „освоивте“ работодавецот
Вие можеби сте одличен работник, но ако од прва не му се допаднете на работодавецот, тогаш нема да ве вработат. На разговорот за работа слушајте внимателно и поставувајте логични прашања.