26 Април, 2024
0.0275

Пет години стратешко партнерство на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис Интернешнал

Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Eфикасностa на Тутунски комбинат Прилеп е резултатот од петгодишното стратешко партнерство остварено со Филип Морис Интерншнл (Philip MorrisInternational) и формирањето на заедничка компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП).

“Тутунски комбинат Прилеп значително го подобрува својот статус и е на добар пат да стане пример за компанија која што бележи позитивни резултати. По стабилизирањето на работењето на комбинатот следеше квалитативна трансформација на производниот процес и модернизација овозможена од стратешкото партнерство со Филип Морис. Кон подобрување на општите резултати на комбинатот придонесе и започнувањето со производството на прогресивен формат на Marlboro што е голем успех за нас, а уште поголем затоа што нè става како компанија на мапата на производители на најпознатиот глобален бренд во тутунската индустрија. Оптимисти сме за добрите резултати и за следната година со оглед на започнатиот откуп на тутунот и квалитетот што досега се покажа.Оваа година беше пресвртна за Тутунски комбинат Прилеп, а амбициите за следната се уште поголеми”, истакна Кирил Станкоски, генералниот директор на ТКП.

Ефикасноста на производството на Тутунски комбинат, во изминатиот период беше дополнета со подобрување на инфраструктурата, реновирање на производниот погон, подобрување на стандардите, производство на нови квалитетни брендови барани на пазарот и спроведување на стабилниот откуп и навремена исплата на сите договорени количини тутун. Имено,како дел од ова партнерство се спроведе унапредување на производните процеси и квалитетот на производството,реновирана е производна сала на површина од повеќе од 5.000 квадратни метри. Сето тоа придонесе Тутунски комбинат Прилеп да се насочи на правилен развој со значителен позитивен придонес во македонската економија.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет