18 Мај, 2024
0.0361

ПЕТ ГОДИНИ болка која пече во градите за згаснатите животи кај Смилковско езеро

Објавено во: Македонија 12 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Пет години живот без најмилите Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево живеат нивните семејства.

Болка во гради која пече и грутка во грло на секоја помисла дека поминала уште една година, болка никогаш нема да престане да гори душата за нивните чеда, на кои на најсуров и најгрозоморен начин им беше скратено најмилото - желбата за живот.

На денешниот ден се навршуваат точно пет години од суровото убиство на петте млади животи. Пет години нивните домашни живеат со солзи во очите, барајќи ја вистината лутајќи низ лавиринтите и тропајќи на вратите на институциите .

Да се потсетиме ...

На 12 април 2012, е извршено убиство на петмина лица со огнено оружје кај езерото во атарот на селото Смилковци, близу Скопје. Убиените се четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените. Обдукцијата врз убиените покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што сугерира дека има повеќе од еден извршител на чинот.


Според Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, четворица од убиените: Славковски, Наќевски, Ацковски и Трпковски, на возраст од 18 до 21 година, отишле да ловат риба на Смилковското Езеро со автомобил околу 15 часот на 12 април 2012, за време на православниот христијански празник Велики четврток. Нивните тела биле откриени облиени со крв вечерта во 22:30 часот од други рибари кои веднаш ја повикале полицијата. На истото место, но подалеку од четирите тела, било пронајдено телото и автомобилот на Борче Стефковски (45), кој исто така ловел риба.За него се претпоставува дека бил убиен подоцна.Увидот на местото на настанот траел преку целата ноќ, сè до пладне на 13 април 2012 кога телата биле предадени на судските вештаци за обдукција, а автомобилите и чаурите биле подигнати од вештаците на крим-техника. За настанот бил формиран оперативен штаб кој ја раководел операцијата, а голем број на полицајци и инспектори биле на терен за собирање на информации околу евентуалниот идентитет на убијците и мотивот. Во тој момент, во интерес на истрагата, министерството се воздржало од давање други дополнителни информации.

На 14 април 2012, резултатите од обдукцијата покажале дека во жртвите е пукано од три типа на огнено оружје, најверојатно од повеќе напаѓачи. Според министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска: „Пукано е од непосредна близина. Не би можела да кажам колку точно е таа непосредна близина, меѓутоа пукано е од блиску. Видливи се трагите на телата од момчињата од огнено оружје и смртта настапила како резултат на огнострелните рани кои се евидентни на телата на момчињата и телото на петтата жртва, кој не е дел од групата момчиња кои заедно ловеле риба.“

Автомобил „Опел Омега“ со темноцрвена боја бил пронајден на 10 километри од местото на убиствата. Министерката Јанкуловска на16 април 2012 потврдила дека возилото што го нашла полицијата било на самото место на убиството. „Трагите укажуваат дека токму ова возило било на местото на убиството. Упатуваме апел доколку некој го препознае, го забележал, да се јави на бројот 199“, изјавила Јанкулоска.Возилото било донесено од странство и не било региститрирано во Македонија, но имало украдени регистерски таблички, кои своевремено припаѓале на Мерцедес, кој веќе не учествувал во сообраќајот.

По убиствата се одржаа протести на граѓаните од Радишани кои бараа итно расчистување на случајот. Тие велеа дека момчињата биле мирни и не згрешиле никому.

За петкратното убиство во случајот „Мострум“ доживотна казна затвор им е изречена на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Единствено петтообвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда поради немање на цврсти докази за утврдување на вина.

Се уште се чека на екстрадиција од Косово на првообвинетите Африм Демири и Агим Исмаиловиќ, кои беа осудени во отсуство.

Според Обвинителството, мотивот за масакрот бил предизвикување страв и несигурност кај граѓаните.Како директни извршители се обвинети Алил Демири и браќата Исмаиловиќ, кои од пиштол и автоматски пушки на растојание од 1,5 метар пукале во Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Накевски и Филип Славковски. На оддалеченост од 50 метри случајно се затекнал рибарот Борче Стефковски, кого обвинетите го забележале и пукале во него.

Во образложението се наведува дека обвинетите планирано и внимателно го одбрале токму Смилковското Езеро како локација за егзекуција, затоа што таму постојано има луѓе и е локација од која може лесно да се избега. Времето, исто така, било прецизно избрано, околу 19 часот, кога се стемнува и кога видливоста е послаба.

После пет години се поставува прашањето дали конечно еден ден вистината за овој случај ќе излезе на виделина и ќе им го донесе мирот на родителите и на оние кои почиваат?

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?