02 Мај, 2024
0.0416

Пет апликации за фановите на модата

Објавено во: Стил 16 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Доколку ја сакате и следите модата сигурно ги сакате и апликациите преку кои ги следите новите трендови, гледате нови колекции и бирате нешто по ваш вкус.

Ова се интересни апликации кои ќе ви помогнат во тоа: 1.Whisp - апликација со која може да бирате парчиња облека но и да ги праќате по пат на пораки на вашите пријатели. 2. ASAP54 - апликација со чија помош може да пребарувате модни фотографии. Ви помага да пронајдете парчиња предмети или облека кои можеби сте ги виделе на други и ги барате по одредена слика. 3. Pose - апликација која со помош на вашата локација ја проверува временската прогноза и според неа ви прдлага комбинации за тој ден. 4. Stylebook - вашиот виртуелен ормар. Додадете фотографии од гардеробата што ја имате и осигурајте се дека повеќе нема да заборавите што се поседувате. 5. Covet - апликација наменета за оние кои ја сакаат модата и имаат време бидејќи всушност тука  креирате свој виртуелен гардеробер, се прдружувате кон разни натпревари и слично.