05 Декември, 2025
0.0527

Пернар: Колку подолго ќе траат мерките за карантин, повеќе време ќе треба кризата да помине

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 26 Март, 2020 06:53

Добивај вести на Viber

Колку подолго ќе траат мерките за карантин, толку повеќе време ќе треба  „корона кризата“ да помине, вели за Фактор, хрватскиот политичар Иван Пернар.

Додава дека кризата ќе трае се додека доволен број не се зарази и не го преболи коронавирусот.

„Хрватска ќе претрпи голема штета, дел затоа што ќе ја изгуби туристичката сезона, а дел затоа што владините економски политики водат во пропаст, независно од коронавирусот и од туристичката сезона. Вирусот е чекор понапред, затоа што се шири брзо, се пренесува на целата популација, и не може да се запре, но може да се успори“, вели Пернар.

Тој пласираше во јавност информации објавени од New York Post дека на заразените им даваат мегадози од витамин Ц и дека тоа помага.

„Логичното прашање кое се поставува е зошто би им го давале тоа ако не придонесува пациентот да оздраве, односно да се излечи од коронавирусот. На тоа прашање уште никој не ми одговорил“, рече Пернар.

Вели дека сепак не може да се спречи ширењето на опасниот вирус.

„Не може да се спречат ниту половите болести за кои е потребен сексуален контакт, а камоли болести кои можат да се пренесат преку обичен разговор. Колку е клиничката слика послаба, толку е потешко да се препознаат заразените со коронавирусот и да се спречи ширењето на епидемијата. Во претходните случаеви САРС и МЕРС смртноста беше поголема отколку кај короната, и клиничката слика е многу посериозна, и беше полесно да се најдат заразените и да се спречи ширењето. Kaj коронавирусот вие имате ситуација човекот да не знае дека е заразен, затоа што е асимптоматски, а сеедно, тој е преносител“, смета Пернар.

За себе вели дека не се плаши, ниту за своето семејство, но се плаши за повозрасните граѓани.

„Не се плашам за себеси, ниту за мојата сопруга, ниту за детето, туку за бабата  на сопругата која има 80 години и е срцево болна. Таквите луѓе се под ризик за поголеми компликации, на пример просечната возраст за смртност во Италија е 80.5 години. Тоа е возраст за која короната може да биде фатална“, додава Пернар.

За Хрватите вели дека се со поделени мислења, дел се плашат, а дел ги игнорираат насоките кои ги дава власта, но има и трета група граѓани која според него е некаде помеѓу, живее со доза на претпазливост и скептицизам. 

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии