14 Мај, 2024
0.0272

ПериМак- Надеж за најмалите пациенти во Македонија

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Од 21 до 23 ноември во Хотел Александар Палас Скопје, како и 24 и 25 ноември, во зградата на Министерство за здравство на РМ, повеќе од 250 македонски гинеколози, акушери, педијатри, неонатолози и интензивисти како и медицински сестри ќе бидатдел од обуките за најновите методи за клиничка дијагностика како и пред и пост натална грижа. Обуките ќе ги одржуваат истакнати професори од Амстердам.

Овој настан е дел од ПериМак Проектот, партнерство помеѓу Министерството за здравство на РМ, Проект ХОПЕ Македонија и Проект ХОПЕ Германија.

Обуките се поддржани од страна на Алкалоид АД Скопје.

ПериМак Проектот е започнат во почетокот на 2016 година од страна на Проект ХОПЕ во партнерство со Министерството за здравство. Основна цел на проектот е зголемување на стапката на преживување кај пред време родените бебиња во Македонија, во одредени тежински групи и до 30 %. Досега, во рамките на проектот  се започна со подобрување на условите, капацитетите и експертизата во Специјална болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза“- Чаир и ЈЗУ Универзитетската Клиника за Детски болести, Скопје - оддел за интензивна нега, со цел создавање на “Perinatal Centres of Excellence“. Една од целите на проектот е да се овозможи на медицинскиот кадар во болниците да третираат специфични патологии и состојби на високоризични бремености, како и прематурни и ризично родени новороденчиња што поефикасно. За оваа цел, најсовремена медицинска опрема во вредност од околу 1 милион евра веќе е донирана, од страна на Проект ХОПЕ Германија до двете болници, како и мал дел до Клиничка болница Тетово. Дополнително, неколку доктори од идните експертски центри веќе поминаа обуки од по неколку недели во Универзитетските Болници во Амстердам и Бон. Во планот на ПериМак, е во проектот да се вклучи уште најмалку една болница во текот на наредната година.

Со цел во проектот да се вклучат колку е можно повеќе болници и медицински професионалци од целата држава, Prof. Dr. van Geijn и Prof. Dr. Harrie Lafeber од Универзитетската Болница во Амстердам и Ms. Nicolien Lafeber, професор по Респираторна грижа на Amstel Academy, Free University Amsterdam, ќе бидат во Скопје и ќе одржат серија обуки/ работилници за медицински професионалци од различни институции на четири различни теми од полето на пред и пост натална грижа.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти