18 Мај, 2024
0.0273

Пензискиот фонд најмногу ќе го „исцица“ буџетот

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Од државниот буџет за наредната година и натаму најголем дел од средствата ќе се пренасочуваат кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со цел да се исплатат сите пензионери и да се покријат „дупките“. ПИОМ со години е еден од најголемите товари на државата бидејќи нема доволно сопствени средства, па остатокот мора солидарно да покрива. Затоа често се вели дека буџетот на државата е социјален, а не развоен.

„Ако овие средства се насочат кон попродуктивни инвестиции, на пример ако се зголемат капиталните инвестиции кои се 10% и да ги зголемиме два ипол пати, би имале посилен мотор за раст во иднина“, вели професорот Борче Треновски.

Причините за лошата состојба во која се наоѓа Фондот според економистите се демографски и економски. Се продолжува со политика на стимулирање нови вработувања за кои работодавачот е ослободен од плаќање социјални придонеси се нудат поволности што го празнат фондот, без да се обезбеди сигурен и траен прилив.

„За ваквата состојба во ПИОМ придонесуваат несоодветните реформи во поделбата на пензиските столбови, несогласување на стажот и возраста при пензионирање со продолжениот животен век, но најмногу намалувањето на стапката за придонеси. Решение е враќање на претходните стапки на придонес, зголемување на возраста за пензионирање, раст на вработувањата, но и анализа на контингентот инвалидски пензии“, смета академик Абдулменаф Беџети.

„Треба да се зголемат придонесите кои се ниски, има ненаплатени побарувања, па и старосната граница како последна опција. Состојбата е итна и мора да се размислува како тоа структурно да се реши а не на годишно ниво само да се покрива дупката во ПИОМ“, смета професорот Треновски.

Според статистиките половина од пензиите се исплаќаат од буџетот, што значи дека ПИОМ наместо да биде фонд функционира како квази буџет. За покривање на дефицитот во пензискиот фонд секоја година се двојат милионски суми пари а за 10 години дупката во фондот е тројно зголемена. СБ, ММФ како и домашните експерти неколку години по ред предупредуваат на неодржливост на пензиските политики кои ја продлабочуваат дупката.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа