02 Мај, 2024
1.0427

Пензионер од Шпанија на пат околу светот со велосипед

Објавено во: Стил 18 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Шпанецот Фредерик Барнет Мољер, кој од Данска со велосипед тргна на пат околу светот стаса во местото Туркоглу, недалеку од турската централна покраина Кахраманмарас. Мољер, откако на 1 август 2011 година заминал во пензија, одлучи со велосипед да појде на пат околу светот и до сега поминал пат од околу 35.000 километри. Мољер рече дека во Турција планира да остане околу еден и пол месец, а потоа ќе го продолжи патот по земјите во северниот дел на африканскиот континент, а потоа и земјите од Јужна Америка. Шпанецот, турскиот народ го оцени како „позитивен“ нагласувајќи дека во секое место прво разговара со полицијата и дека сето тоа го запишува.