18 Мај, 2024
0.0268

Пекабеско со нови намалени цени за потрошувачите

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Пекабеско ги намали цените на своите производи на сите продажни места во просек за 15 проценти а оваа акција ќе трае до 15 Март годинава.

„Како компанија секогаш се трудиме да возвратиме на довербата и лојалноста која ни ја даваат потрошувачите, купувајќи ги производите на Пекабеско.

Свесни сме дека околу новогодишните празници граѓаните имаа големи трошоци, па сметаме дека сега е вистинско време за оваа промотивна акција која покрај во нашата земја, ќе важи и за потрошувачите од Србија, Косово, Црна Гора и БиХ.“, изјавија од Пекабеско.

Ова е втор пат како компанијата организира ваква акција по Новогодишните празници. Минатата година Пекабеско ги намали цените на своите производи за 10 проценти.

Нашиот најголем производител во сувомесната индустрија го прошири својот производствен капацитет преку отворање на нов Производствено – логистички центар кон крајот на 2012 година. Ова инвестиција беше вредна 13 милиони Евра и придонесе за отворање на нови 100 работни места.

„Првата година по инвестицијата, производството се зголеми за 70 проценти, а минатата година за дополнителни 40 проценти.

Затоа Пекабеско денес брои 430 вработени, а постојано сме отворени за нови вработувања.“, велат од компанијата.

Изминатата 2014 година Пекабеско оствари рекорден извоз во висина од речиси 7 милиони Евра.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата