17 Мај, 2024
0.0292

Пазарниот инспекторат и обезбеди рекордни 3,5 милиони евра на државата

Објавено во: Економија 19 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Државниот пазарен инспекторат остварил убедлив рекорд во сума на изречени казни во 2019, според извештајот што го објави за работата во ланската година, а се работи за 220 милиони денари, или повеќе од 3,5 милиони евра, нешто што ни приближно не се остварило до сега.

Од 1.933 прекршочни платни налози пресметана е вкупна сума од 220,330,437.00 денари. До почетокот на годинава наплатени се 18 милиони денари. За останатото се очекува да се погрижи Управата за јавни приходи преку присилна наплата да ги спроведе овие средства во буџетот.

„И понатаму како најризични области остануваат трговијата, занаетчиството и угостителството, а воедно во овие области се превземени и најголем број на инспекциски мерки“, велат од инспекторатот., а останува да се види како „ќе ја ожнеат“ тековната година која ќе остане запаметена во историјата по корона-кризата.

Инспекторатот во 2018 издал налози во износ од 86,2 милиони денари, од кои за брзо време наплатил 19,2 милиони денари. Износот во 2017 бил 24,7 милиони, додека во 2016 изнесувал 27,4 милиони што се навистина мали суми во однос на рекордната 2019 година. Во некои од претходните години има уште помали суми што изгледаат незначително во однос на последната.

Пазарниот инспекторат е еден од најтранспарентните инспекциски тела во земјата и редовно за секоја година ја објавува сумата која треба да се наплати од казни. Од останатите релевантни инспекциски тела кои казнуваат со повисоки глоби е уште и Државниот инспекторат за транспорт со 3,27 милиони денари платени патни налози и 

46.5 милиони ненаплатени.

Надвор од инспекторатите, Управата за јавни приходи глоби убедливо најмногу кога станува збор за прекршочни налози. Даночните службеници во 2019 наложиле да се платат 457,5 милиони денари, од кои 45 милиони биле веднаш исплатени, односно во рок од осум дена со цел казната да биде двојно помала, а за останатото се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи