18 Мај, 2024
0.0284

Павле Богоевски денеска е на потег: Ќе заврши ли неславно уште една негова битка?

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Павле Богоевски денеска во 11 часот ќе ја води седницата како претседател на собраниската комисија за мандатно-имунитетски прашања во обид да му се одземе пратеничкиот мандат на поранешниот премиер Никола Груевски, кој како азилант во Унгарија е неоправдано отсутен во законодавниот дом шест месеци и е исполнет условот за тоа.

Поранешниот член на „Шарената револуција“ во меѓувреме беше дискредитиран во јавноста со аудио снимка, според која критичката јавност тврди дека тој нарачувал забранети супстанци, иако содржината на телефонскиот разговор е двосмислена. Во меѓувреме, МВР и скопското обвинителство го чешлаат скандалот. Што и дали нарачувал дрога истражува ОЈО, а ќе го бара и таксистот кој го снимал. Паралелно, бараат и кој е „Илија Громовник“, псевдонимот од каде беше објавена снимката на социјалната мрежа Вконтакте. По објавата, Богоевски снимката ја поврза со комисиската расправа за одземање на мандатот на Груевски.

За одземање на мандатот на Груевски на пленарна седница потребно е двотретинско мнозинство, односно за тоа да гласаат 80 пратеници, за што е потребно и поддршка од опозицијата, која сепак со отсуството на Груевски е со еден пратеник помаку.

Една седница на Богоевски веќе заврши неславно - онаа на која требаше да му се  одземе пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Велјановски, кој се сомничи како еден од организаторите на упадот во Собранието на 27 април. Судот побара симнување на неговиот имунитет, но тоа не се случи поради оддолжување на пленарната седница која заврши без гласање.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“