03 Мај, 2024
0.0261

Патник си ја отворил вратата при полетување; Безбедна ли е авиокомпанијата Рајанер?

Објавено во: Свет, Стил 10 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Два инциденти од последните месеци со нискотарифната авиокомпанија Рајанер предизвикуваат загриженост за безбедноста на овие авиокомпании. Вчера, непосредно пред полетувањето на авионот на Рајанер од Пиза за Трапани во Италија, непознато е како, патник успеал да ја отвори вратата на авионот. Тој потоа застанал на крилото од авионот и успеал да скокне оттаму на патеката, каде бил спасен од пожарникарите предаден на екипата од брзата помош, пишува весникот „Кориере дела сера". Според медицински извори, мажот бил психички нестабилен. Сепак, останува прашањето како успеал да ги заобиколи мерките за безбедност?!? Многу тешка несреќа била избегната и на 23 септември со авион на истата компанија, кој летал од Манчестер за германскиот аеродром Меминген со 141 патници во авионот. Авионот за малку не се урнал при слетување поради преголема брзина, потсетуваат агенциите. Според првите податоци од истрагата за инцидентот, пилотите при програмирање на автоматскиот пилот погрешно ја ставиле висината и како резултат на тоа авионот почнала да паѓа со огромна брзина, на моменти со 1000 метри во минута. Во последен момент главниот пилот успеал да го крене носот на авионот, за да се избегне судир со земјата. Постојат сомневања освен тоа, дека за да надополни задоцнување 30 минути, пилотот одлучил се спушти на пистата во спротивна насока, што исто така ги зголемило безбедносни ризици. Засега ирската компанија молчи и не дава конкретни информации, но германската Управа за истрага за авионската несреќа го опишала овој инцидентот како крајно сериозен.

Можеби ќе ве интересира

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)