12 Мај, 2024
0.0320

ПАРТИСКИ ФРОНТМЕНИ: Кои се побогати-пратениците на СДСМ, или тие од ВМРО-ДПМНЕ?!

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Девизни и денарски штедни книшки, станови и куќи дома и во странство, акции, удели, уметнички слики, благородни метали, автомобили нови и стари- ова е првиот впечаток од податоците во анкетните листови на носителите на листите на изборните единици во предвремените парламентарни избори. Од достапните анкетни листови објавени на веб страната на Државната комисија за спречување корупција може да се види дека дел од идните пратеници не пријавиле трансакциски сметки, ниту споствен дом, дел од недвижниот имот е на име на нивните брачни другари или родители, некои немаат наведено како се стекнале со имотот или пак со парите на штедните книшки, а ама случаи каде што за наведената сума нема валута.

Дали Македонија е земја на богати политичари? Првиот впечаток од изнесените податоци во анкетните листови е дека имаме прилично богати пратеници и од редовите на ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ.

Анкетниот лист на носителот на листа во првата изборна единица од редовите на ВМРО ДПМНЕ Никола Поповски тежи 491 илјади евра. Но две суми посочени во неговиот анкетен лист за девизна штедна книшка и депозит нема валута. Не познато дали при внесувањето на податоците е направена грешка или пак е техничка грешка на Антикорупциската комисија. На негово име пријавил дека поседува стан во Скопје, а како зањеднички имот стан со гаража во Белгија, автомобил ауди, трансакциска сметка, кредит, депозит. Во анкетниот лист Попоски пријавил девизна книшка на име на сопругата во Белгија,но наведена е само сумата 1.500.000 без валута.

За разлика од Попоски, анкетниот лист на неговиот противник во оваа изборна единица од редовите на СДСМ , Стево Пендаровски, тежи околу  22 илјади евра.Пендаровски на негово име пријавил автомобил југо темпо и девизна книшка со 15 илјади евра стекнати од наследство. Неговата сопруга поседува автомобил „рено меган“.

Скромен анкетен лист пријавил Никола Тодоров, носител на листа во втората изборна единица од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Во неговиот анкетен лист стои дека поседува автомобил „тико“ и мотор „Дукати“ во вредност од од 4.390 евра. Тодоров пријавил денарска платежна картичка но без нема сума и заштеда од 12 илјади евра за која нема податок за начин на стекнување.

Нешто повеќе од 296 илјади евра во недвижен имот, авотмобили, крдити, платежни картички уметнички слики, пријавил во анкетниот лист носителот на листата во втората изборна единица од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски. На негово име Спасовски пријавил куќа во Куманово, автомобил „пежо 307“, уметнички слики, кредит, две денарки платежни картички. На име на својата сопруга денарска платежна картичка, а на своите родители куќа, земјоделско, земјиште, автомобил, шума, машини и друга опрема и две денарски платежни картички. 

Поранешениот иден пратеник Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ пријавил анкетен лист тежок 68.775 евра. Нема пријавено живеалиште на свое име. Пријавил куќа, стан  и земјоделско земјиште во Охрид, Чашка, велешко Согле, но на име на родиелите. Во анкетниот лист Димовски пријавил непрецизиран имот на негово име, еден автомобил на име на родителите а еден на негово име.Пријавил дека поседува акции, и дека и неговите родители имаат акции. Посочил дека поседува три денарски штедни книшки, на негово име, на име родителите и на име на неговата сестра. Ама за сите три според анкетниот лист нема посочено сума.

Љупчо Николовски од СДСМ кој беше носител на листа во третата изборна едница, во својот анкетен лист пријавил дека нема ништо на негово име. Неговиот анкетен лист тежи нешто повеќе од 98 илјади евра. На име на неговите родители пријавил куќа, земјоделско земјиште, пасиште и двор во Крива Паланка, а на име на неговиот брат пријавил автомобил „фиат стило“.

Идниот пратеник Владимир Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ во анкетниот лист близу 362 илјади недвижен имот, автомобили, штедни книшки, орочени денарски и девизни депозити, платежни картички, трансакциска сметка. На негово има поседува гаража, стан со подрум,куќа со подрум и двор, автомобил „фиат гранде пунто“, девизни и денарски штедни книшки, орочени депозити, трансакциска сметка. Ѓорчев пријавил дека неделно добива и по 500 денари хонорар, ама не е наведен начинот на стекнување на хонорарот. Неговата сопруга има неколку орочени депозити, трансакциска сметка, платежна картичка, девизна сметка.Како заеднички имот Ѓорчев пријавил земјиште во Сопиште и автомобил „волцваген шаран“. На име на децата пријавил животно осигурување.

За дел од сумите во анкетниот лист на Радмила Шекеринска Јанковска не се наведени валути, односно не е познато дали е направена грешка или привид при пополнувањето на анкетниот лист или е техничка грешка на Антикорипциската комисија. Така за станот што го пријавила има сума но нема валута, исто е и кај пријавените ставки за приход по основ на издавање на стан, еден кредит и две кредитни картички на име на нејзиниот сопруг. Од тие причини не може комплетно да се пресемета колку тежи нејзниот анкетен лист. Ако се пресметаат само сумите кои се наведени со валути, се доаѓа до износ од околу 286 илјади евра. Поседува стан на нејзино име, кредит, орочен депозит, трансакциска сметка, девизни сметки, уметничка слика. Три стана од кои два во Скопје и еден во Охрид се водат на име на нејзиниот сопруг. Исто така на име на нејзиниот сопруг Шекеринска пријавила три денарски штедни книшки, две трансакциски сметки,девизна сметка, кретитни картички. Во анкетниот лист Шекеринска пријавила на нејзино име пријавила побарувања по основ на даден заем. Како имот на деца е пријавен орочен девизен депозит, а како личен имот пријавила залог за потрошувачки кредит во изос од 7.087 евра.  

Речиси 100 илјади евра тежи анкетниот лист на идниот пратеник Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ. Во својот имотенлист Милошоски на негово име пријавил гарсоњера, надомест како шеф на набљудувачка изборна мисија, приход од рента за стан во Германија, камата од депозит, животно осигурување и трансакциска сметка. Како заеднички имот пријавил свадбен паричен подарок, а на име на неговата сопруга трансакциска сметка. За трансакциските сметки не е посочена вредност. Милошоски на име на своите деца го пријавил станот во Германија.

Според достапните податоци од анкетните листови, меѓу побогатите пратеници е Петре Шилегов од СДСМ. Вредноста на анкетниот лист  Шилегов е нешто повеќе од 1,1 милиони евра. На свое име поседува куќа и стан во Скопје, автомобил „ауди А4, акции, кредит. Пријавил надомест за консултативни услуги, закупнина, лизинг. Во анкетниот лист Шилегов како заеднички имот пријавил пари во готово, златен накит и часовници, уметнички слики.Неговата сопруга поседува удели, три стана, автомобил, закупнина, кредит.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно