Партија од Црна Гора испрати уште една номинација за награда на Заев и Ципрас
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2019
Социјалдемократската партија на ЦРНА Гора, идеолошки блиска до СДСМ на Зоран Заев и СИРИЗА на Алексис Ципрас, ипсрати уште една номинација до Комитетот со барање да им се додели овогодинешната Нобелова награда за мир на македонскиот и грчкиот премиер.
Ова го потврди лидерот на Социјалдемократската партија, Ранко Кривокапиќ, кој лично ја поднел номинацијата со образложение дека со Преспанскиот договор по 27 години се запечатува мир во регионот, а испраќа и позитивна порака во Европа.
„Со овој историски договор затворено е прашањето кое ја блокираше европската и евроатлантската иднина на Македонија и создаваше јаз меѓу двете држави“, изјавил лидерот на СДП.
Ова е втора номинација, откако претходно истото го стори поранешниот лауреат Уидед Бушамауи. Поддршка на нејзиниот предлог потпиаа и лидерите на разни европратенички групи, освен Европската народна партија, чиј потпретседател Антонио Тајани, рече дека нема да го стори тоа.