17 Мај, 2024
0.0310

ПАРТИИТЕ КРОЈАТ ЛИСТИ - кои ќе бидат носители на изборните единици?

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Во партиите, далеку од очите на јавноста, веќе се „готват“ пратеничките листи, со кои тие ќе ја бараат довербата од граѓаните на претстојните вонредни парламентарни избори. 

Владејачката СДСМ веќе ги почнала внатрепартиските дебати за тоа кои од нивните политичари би биле поставени на врвот на листите на кандидати за пратеници, како носители на изборните единици. 

Лидерот на партијата, и поранешен премиер, Зоран Заев, е сигурен  носител, говорат информациите. Тој би бил предодник во неговата четворка, односно изборната единица 4.  

Додека, пак, Љупчо Николовски, кој е генерален секретар на партијата, би можел да настапи како носител во тројката, односно во источниот регион.

За наредниот месец се најавува и правење финални теренски анкети во партијата, преку кои ќе се мери рејтингот на потенцијалните кандидати, по што ќе се искристализираат конечните имиња.

Инаку, како најмногу можни носители на листи се сметаат Радмила Шеќеринска, Никола Димитров, Мухамед Зеќири, Мила Царовска и Оливер Спасовски, кои биле исфрлени со најдобар рејтинг од првичните мерења. 

За единицата, односно најголемиот дел од скопските општини, има три можни кандидати, вицепремиерките Цароска и Шекеринска, како и министерот Димитров. Сите имале свои предности, но и некои можни минуси, па ќе се види кое име ќе превагне на вагата.

Во двојката, пак, според информациите, да ја предводи листата најголеми шанси имал сегашниот технички премиер Оливер Спасовски. 

За шеската, пак, се калкулира со носител Албанец.  

Од друга страна, пак, комбинаторики, барем според информациите, се прават и во ВМРО-ДПМНЕ. Единицата, според некои извори, би ја предводела Гордана Силјановска, професорката која беше претседателски кандидат на партијата, но не успеа да го победи Стево Пендаровски на претседателските избори. 

Генералниот секретар на партијата, пак, Игор Јанушев, би можел да биде предводник на изборната листа во третата изборна единица. Додека, пак, како предводник во четворката би можел да се испроба Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Како можни носители во опозициската ВМРО-ДПМНЕ се споменуваат и професорите Трајко Славески и Владо Мисајловски, кои своевремено беа министри во Владите на ВМРО-ДПМНЕ.

А за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се зборува дека би бил еден вид шпицен кандидат, односно не би бил предводник на листа, туку, доколку партијата победи на изборите, сосема е сигурно дека ќе биде премиер. Тоа би значело дека ќе остане на предизвикот што неодамна му го даде на политичкиот ривал Зоран Заев. 

Овие информации засега се во зоната на шпекулациите. Во наредниот период се очекува партиите да ги објават финалните листи.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг