Добивај вести на Viber
Вкупно 110 пара од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Германија се пријавиле за овогодинешната традиционална масовна венчавка во Белград, што ќе се одржи на 18 мај пред белградското Собрание.
Рокот за пријавување е отворен уште една недела, но организаторите потсетуваат оти бројот на парови што ќе се венчаат е ограничен на 200, објавува „Блиц“. Во информацијата нема прецизни детали колку пара од Македонија поскале да стапат во брак на манифестацијата „Масовна венчавка - свадба од соништата“.
Според директорот на манифестацијата Тиви Малчев, судбоносното „да“ на церемонијата во мај ќе го кажат и две идни мајки, кои тогаш ќе бидат во деветтиот месец од бременоста.
Ваква колективна венчавка во Србија се организира по 16-ти пат. Ова е снимката од лани:
http://www.youtube.com/watch?v=-iy1KliA0AE