16 Мај, 2024
0.0275

Пари нема, врие од фестивали, музиката на инфузија?!

Објавено во: Стил 18 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Охридски трубадури, Макфест, Еврофест, возобновениот Скопски фестивал. 2012 ќе остане запаметена како година која ги разбуди заспаните фестивали во земјава, но дали тоа е доволно Македонците да слушаат музика, а музичарите да живееат од неа. И покрај сите овие фестивали на прсти се бројат песните кои публиката сака да ги слуша, притоа поголемиот дел се без фестивалска ознака. Музичарите се жалат дека ова е најтешката година за нив досега. Се лутат поради ангажирањето на музички имиња од соседството кои им пеат на македонците, но ниеден од нив не сака да открие каде е вината за загушувањето на македонската музика. Законски, медиумите имаат обрска да пуштаат 30% македонска програма во својата програма. Тоа просечно се околу 150 песни на македонски, но дали фондот од македонска музика е толку богат. Посебно прашање е колкава е бројката на она што е вистински квалитетно. Според луѓето од медиумите оваа бројка е преголема, затоа што нема толку новопроизведена, притоа и квалитетна музика. Во музиката за емитување не се вклучени оние кои се отпеани на јазик кој не е македонски, ниту пак оние кои се без вокал во својот мелодиски состав. На прсти се бројат песните кои се квалитетни, имааат мелодиска линија, аранжман, продукција и притоа не се позајмени од некој странски изведувач. Критиките за плаќање музика стасаа до владата Дополнително обременување на оваа проблематика од страна на тие кое треба да емитуваат музика ќе биде чарџањето на новиот тарифник на ММИ кој од пред некој ден веќе е активен. Владата и самата најави ревизија на наплата за слушање музика. Тоа не става во дилема, дали музичарите сакаат самите да ја убијат музиката во Македонија. Оти од една страна , многу е нелогично да укажуваш дека сакаш да се поттикне македонската музика, а од друга страна да слушаш музика која сите ја препознават како музика на некој странски изведувач , а ја пее македонец. Во деношно време е многу лесно, со помош на техниката е достапно се, па затоа  никој не може да се поигрува со слухот на публика.  Во таа насока во воздух виси прашаењто на кого ќе се префрлата потоа парите, на тој кој во Македонија ја пее песната или на тој од кого во светот е позајмена. Ќе се наплаќа паушал, но каде ќе одат парите? Доколку тарифникот на ММИ стапи на сила, голем број на електронски медиуми информираа дека заедно со ТВ медиумите од Групацијата нема да емитуваат повеќе македонска музика или пак ќе воведат ценовник за гостување на изведувачите да обезбедат средства кои на крајот на годината ќе треба да ги уплатат на сметка на здружението на граѓани ММИ од каде првично најавија став. Ова е посебно загрижувачко затоа што за музиката веќе се плаќа на ЗАМП, а никој нема увид каде одат потоа  тие пари. И ММИ и ЗАМП немаат веродостоен систем врз кој ја вршат својата наплата. Тие одредуваат паушал, а потоа од истиот треба да платат, но кому. Паушалот не води евиденција која песна е емитувана, кој ја создал, кој ја отпеал, кој ја продуцирал. Со ова во ист кош се ставаат и квалитетните музичари и оние татини и мамини мази кои пеат само затоа што од дома за тоа задоволство им платиле. Британците како репер наплаќат на сите кои прават ковер на песна Во Британија, земјата која може да се смета за репер за музика во секоја смисла на зборот,  доколку некој сака да направи кавер верзија на песна, мора да го информира друштвото за заштита на механички права  MCPS.  Тоа  е задолжено за заштитата на авторските права на носач на звук. Тоа ја издава дозволата за снимање на песните од нивната колекција. За тоа не наплаат надомест. Агенцијата  по автоматизам  ги собира сите авторски права за песната од дискографската куќа за изведувачот на песната.  Изведувачот плаќа кога има сопствена дискографска куќа одредена такса за копијата по продажна цена на конкертниот  примерок.  И во другите земји од ЕУ имаат вакви здруженија на композитори. Изведувачките права ги штити друго здружение кое исто мора да има регулирани обрски согласно законот. Музичарите плачат, но никој не ги посочува залутаните кај нив

Музичарите во земјава постојано се жалат дека не знаат дали се емитувани, се жалат на релевантноста на топ листи. Но, во суштина како да не сакаат да посочат со прст кон вистинската насока. Во Македонија секој е музичар. И оној која за свои потреби ја приграбил некоја песна на Мадона прилагодувајќи ја на македонски.  Притоа, платил ли некому авторско или изведувачко право. И превземањето туѓа музика не е бесплатно. Интерсно е што никој од двете здруженија кои сакаат да наплаќаат за музика во МК не го отвори ова прашање, ни ЗАМП, ни ММИ. Тоа веднаш ја издига на површина нивната релевантност, затоа што не можете законот да го толкувате само кога треба да наплатите, туку и кога се спроведува. Наплаќањето за превземен производ без согласнот  на авторот според законот е нелегално. Практично е кршење на законот еднакво на пиратерија.

Во Македонија скоро никој не издал сингл, за да му се процени популарноста Голем дел од музичарите кај нас никогаш не издале албум, а досега скоро никој не издал сингл. Тогаш за што да платат субјектите кои сакале да го подржат музичарот и да дадат придонес за македонската музичка продукција? Затоа што имале добра волја? Кому плаќаат музичарите кога на својот плејбек настап пеат симнати без дозвола песни од странски изведувачи, а притоа добиваат одличен хоморар од 400 евра? Не сме против музиката. Напротив, за нејзинот добро и за подршка на квалитетот, музиката во земјава прво треба да се саморегулира, а дури потоа да се наплаќа за неа. Како ќе се знае за кого се наплаќа? Светот користи софтвер, ние списоци или веруваме на збор За светската пак, никој од дотичните здуженија ЗАМП или ММИ не достави точна листа со кого се имаат дговор и кому навистина ќе плаќаат. Врз која основа ќего направат тоа, врз основа на зборот на испекторот кој го слушнал Стинг во хотел или додека пиел кафе? Без евиденција, паушалот може да се наплати, но каде потоа ќе одат парите, е тоа е веќе друга посериозна тема. В.Р.