26 Април, 2024
0.0304

ПАНДЕМИЈАТА ГО ЗГОЛЕМИ СТРАВОТ, СТРЕСОТ, ДЕПРЕСИЈАТА: Експeртите апелираат луѓето да побараат стручна помош

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Оваа пандемија до ден денес не покажа апсолутно никакви знаци во намалувањето на нејзината моќ. Живеењето во време на пандемија е исклучително тешко, а посебно тешко да се одржи ментална и емоционална благосостојба, вели во разговор за Фактор, д-р Виктор Исјановски, специјалист психијатар и директор на Здравствен дом Скопје.

-Светскиот ден на менталното здравје беше одбележан на 10.Октомври со низа настании едукативни предавања, чија цел се уште повеќе да ја разбереме важноста на менталното здравје и колку е потребно да се обезбеди неговата благосостојба во време на пандемија. Целиот свет доживеа огромни промени во секојдневното социјално функционирање. Стресот за животот што секојдневно го носиме е тежок, но кога тука е присутна и пандемијата од Ковид не смееме да го игнорираме менталното здравје. Со секој изминат ден, стресот може да доведе до одредени психички нарушувања. Стресот и вознемиреноста за сопственото здравје и здравјето на нашите најблиските може да доведе до зголемена анксиозност и депресивност кај сите нас. Голем број на чувства нѐ преплавуваат размислувајќи за корона вирусот и неговиот исход во нашата иднина, посочува д-р Исјановски.

Вели дека со живеењето со оваа пандемија, статистичките податоци јасно покажуваат алармантно зголемување на бројот на луѓе погодени од проблеми со менталното здравје., заради што Светската здравствена организација и Светската федерација за ментално здравје ги повикуваат луѓето ширум светот да обрнат поголемо внимание на нивната психолошка благосостојба и да побараат помош порано.

-Сегашноста во која живееме ни изгледа збунувачка, а иднината е се по неизвесна. Менталното здравје подразбира позитивна физичка, социјална и ментална состојба.

Прифатете дека стресот влијае на сите членови во целото семејство во целина а, не само кај одредени членови. Во време на пандемија е сосема нормално да имаме чувство на страв, вознемиреност, депресивност, збунетост...Зборувајте отворено за вашите чувства.

Со тоа ќе го подобрите вашето ментално здравје. Зборувајте за своите чувства, тие не се знак на слабост, туку се споделување и справување со одреден проблем кој преку поддршка од вашите најблиски ќе го подобри вашиот живот, нагласува д-р Исјановски.

Овие пореметувања во секојдневниот живот и новите емоции кои го произведуваат стравот кој е базична емоција, како што посочува тој, се клучни за нарушувањето на менталното здравје, и додава дека единствен начин да се избегне оваа паника е да се слуша и разбере тоа што го кажува науката и стручната фела.

-Во нашата држава имаме стручни лица кои пред се се школувале и истите се определени да не водат низ оваа тешка ситуација, а на сите нас е да бидеме кооперативни. Треба да ги слушаме нивните препораки како би го сочувале своето ментално здравје, апелира д-р Исјановски. 

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“