18 Мај, 2024
0.0294

Панамскиот канал како бојно поле

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Меѓународниот конзорциум одговорен за проширување на Панамскиот Канал, ќе ја суспендира работата на три недели ако владата не одговори на нивните барања за исплата на обврските. Конзорциумот  GUPC, во кој се наоѓаат компании од Шпанија, Италија, Белгија и Панама, ги обвинува властите одговорни за каналот, дека не ги почитуваат условите и барањата на договорот и поради тоа дале рок од 21 ден да ги исполнат таквите барања. Од друга страна, претставникот на властите за Панама, Хорхе Кијано, го одби барањето, наведувајќи дека тоа се услови надвор од договорот. GUPC веќе година дена бара дополнителна исплата од 1,6 милијарди долари, поради доцнењето во изградбата. Проширувањето на каналот треба да им овозможи минување на бродовите кои превезуваат стока до 12.000 контејнери, што е три пати повеќе од износот на сега дозволената количина. Работите чинат вкупно 5,2 милијарди долари, од кои 3,2 милијарди за GUPC. Овие работи почнаа во 2009. година и треба да се завршат во октомври 2014 година, но веќе е забележано задоцнување од девет месеци. Првото одложување беше на самиот почеток, кога властите оценија дека цементот на GUPC е со лош квалитет и не може да ги задоволи потребите на градење на проширувањето. Панамскиот Канал е ископан во периодот од 1883 до 1914 година. Долг е 82 километри и се протега низ Панамскиот истмус, поврзувајќи ги Атлантскиот и Тихиот океан. Поради кривиот облик на Панама, Атлантскиот Океан е на северна, а Тихиот Океан на јужната страна од каналот, што е спротивно на вообичаените ориентации на овие океани кон американскиот континент. По должината на Суецкиот канал, тој е една од најважните поморски артерии на светот. Изграден е точно на 10, октомври 1913 година. Еден од најголемите и најтешките градежни проекти некогаш изведен, имаше огромно влијание врз поморскиот транспорт помеѓу двата океани. Панамскиот Канал, како најкраток морскиот пат меѓу Тихиот и Атлантскиот океан, ископан е на панамскиот истмус во Средна Америка.   A.A.

Можеби ќе ве интересира

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск