02 Мај, 2024
0.0264

Паметните телефони со план за вкоренување на тастатурата

Објавено во: Стил 17 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Во иднина, вашиот „смартфон“ нема автоматски да ги поправа вашите грешки. Тие ќе ги поправаат дури и пред да ги направите.

Тие ќе знаат дека всушност сте сакале да го притиснете копчето „к“, наместо „л“, Еден ден можеби дури воопшто и нема да постои класичната тастатура, ако некои претприемачи така одлучат.

Додека „Гугл“ и „Епл“ решаваат да го олеснат зборувањето по вашиот телефон, ново јато научници, нови бизниси и развивачи на апликации, се уште размислуваат како да го решат проблемот на чукање и впишување.

Гугл им дозволи на развивачите да направат многу прилагодлива тастатура за умни телефони. Тоа ја отвори вратата за поплава од нови бизнсии, како што е „Свифтки“, која направи предвидлива Андроид тастатура, која се обидува да превиди што корисникот се обидува да впише, и „Снапкис“, со нивната тастатура со футуристички изглед, на која има само четири копчиња, за повторно да се обмисли тастатурата на Андроид умните телефони.

За впишувањето со гестови и предвидливото впишување се размислува веќе подолго време - на пример, „Свифтки“ ги измисли во 2008. Но, оттогаш технологијата стана толку софистицирана, што сега таа станува точка пресвртница во време кога производителите на умни телефони му конкурираат на ајфонот на Епл.

Пример за тоа се „Самсунг елетроникс“, кој ќе ја вметнат предвидливата технологија во новиот Самсунг галакси С4, кој премиерно ќе биде претставен во Њујорк во четвторк, вели лице кое е запознато со оваа тема.

- Во сферата на Андроид, каде постои голема конкуренција, мали нешта како што е предвидливото впишување, можат да направат големи разлики“, вели Роб Ендерле, главен аналитичар во „Ендерле груп“.

Ова е повеќе од научно прашање - тоа е исто така и бизнис. Производителите на умни телефони сакаат да го скратат времето, или „триењето“, потребно за внесување податоци.

Тастатурите од новит бран работат на принципот „предвидување“ на што корисниот се обидува да го напише.

„Свифтки“ одат чекор понапред. - Начинот на кој го правиме ова е во основа моделирање на површината на тастатурата како серија на дистрибуирани веројатности, вели Бен Медлок, главен директор за технологии во Тачтајп лтд., британскиот огранок на Свифтки. Со други зборови, тоа знае каде на екранот има најголема веројатност да притиснете кога сте одбрале некое одредено копче. Евентуално ќе препознае дека сте сакале да притиснете „а“ а не „с“. Тие се постојано на врвот на највисоко користени апликации за Адроид екосистемот, и биле даунлодувани повеќе од 15 милиони пати. „Свифтки“ исто така ги лиценцира своите технологии да служат за крајно процесирање за тастатури, како што е онаа на новиот Блекбери.

Процесирањето на природните јазици - технологијата според која се раководи Свифтки - оди подалеку од само впишување, и има апликации и во други области, како што е пребарувањето. Новата машина за пребарување на Фејсбук, наречена Граф срч, ја користи оваа технологија за да разбере што всушност луѓето бараат.

„Снапкис“ пак е нов бизнис од Израел кој оди уште понапред, со целосно искоренување на тастатурата. Нивниот пристап е поблизок до впишување на постарите модели на мобилни телефони, во кои повеќе букви се поставени на едно копче.

- Денес нашето комуницирање на мали направи е ограничено на тастаура и рамка за текст - и ништо повеќе од тоа, вели Бенџамин Гасабиан, извршен директор и основач на „Сепкис“. - Кога комуницирате со некого, не гледате ништо друго - ниту слики, ниту видеа, ниту пак игри, ништо не гледате. Ние ќе го смениме тоа.

Се прикажуваат само букви кои се користат повеќе во 80 % од времето, а другите букви се скриени за да му овозможат на корисникот јасно доживување, вели Гасабиан.

Гугл исто така има своја предвидлива стилизирана тастатура, која е претставена на најновата верзија на Андроид, наречена гестикулирано впишување.

Д-р Медлок додава: „Засега сметам дека дури и момците од Гугл не разбираат какова предност ќе биде да се има поразлично искуство при впишување.