ПАЛЕВСКИ: Oвие снимки се манипулирани и не се веродостојни, јас себеси не се препознавам
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2025 16:53
Првообвинетиот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо тврди дека датумите на снимките кои ги презентираше обвинителството се манипулирани. Тој рече дека на снимките не се гледа дека тој има микрофон на него, не коментирајќи го делот дека носи слушалка.
„Овие материјали кои денес беа презентирани, не се веродостојни и се манипулирани, манипулирани се датите, јас во присуство на тројцата сообвинети сум бил прв и последен пат на петти мај, не на 22.11.2023 година. Комоцијата на обвинителството во презентирање и наметнување на лажни докази, како на пример дека на црната јакна се гледа црн микрофон на јакната, во ноќен режим камери, тоа е невозможно. Јавното обвинителство е претворено во медиумски деск. На овие снимки кои се манипулирани и не се веродостојни, јас себеси не се препознавам“, вели Палевски.
Тој посочи и дека не е возможно да нема ДНК во возилото „Рено кангу“ ако тој бил во него.
Во судот денеска беше кажано дека обвинетите имале и неуспешен обид за киднапирање на Вања. Тоа се случило три дена пред девојчето да биде убиено.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




