05 Декември, 2025
0.0689

ЛОПАТИ, ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ, РАКАВИЦИ: Обвинетите имале неуспешен обид за киднапирање на Вања

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2025 15:16

Добивај вести на Viber

Обвинетите за грабнувањето и убивањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, имале неуспешен обид за делото да го сторат на 24 ноември во 2023 година. Според обвинителите, во куќата на обвинетиот Велибор Манев се подготвувале за киднапирањето. 

Прв кај Манев доаѓа Велибор Видевски со возило „Шкода“, во 3:47 минути. Обвинителите објаснија дека се гледа дека е облечен со истата јакна и капа кои ги носел денот кога е убиен Жежовски. Презентирајќи ги снимките, обвинителите рекоа дека Манев и Видевски разменуваат ракавици, а Видевски, ги навлекува на рацете. Оттука, одат пеш во правец кон Велес, а на која страна се наоѓа и домот на веќе убиениот Жежовски (на соседна улица). Обвинетите имале и лопати со себе. 

Назад кон куќата на Манев се враќаат во 4:28 минути, се враќаат назад. Манев го зема „Реното кангу“ кое е паркирано во куќата, а Видевски седнува на совозачко седиште и заминуваат во правец кон Велес.

Според Обвинителството, ова се моментите кога обвинетите неуспешно се обиделе да ја грабнат Вања Ѓорчевска.

„Од гепекот на „реното“ вади вреќа за спиење, темно сина боја, ја дипли и ја враќа. На снимка од 25.11 пред куќата се паркирани ‘Mерцеседот’ и ‘Реното кангу’. Манев излегува од ‘мерцедесот’ и оди кон ‘шкодата’, двајцата стојат на улицата. Потоа, Боре Видевски се упатува кон ’Рено кангу’ и седнува на возачкото место, а Манев влегува во ‘Mерцедесот’. Во 16:41 тргнуваат двете возила кон Велес. Во 19:30 доаѓа ‘Мерцедесот’, Боре излегува, ја отвара капијата и паркира. Боре Видевски се упатува кон ‘Шкодата’ и заминува. Заклучуваме дека возилото ‘Рено кангу’ се движи кон Скопје за да биде искристено за настанот од 27.11.2023 година, а ‘Mерцедесот’ на Манев се враќа за да може да се искористи за планираните активности на 26.11 и на 27.11.2023“, изјави обвинителката Ана Стојновиќ-Димитриевска.

Обвинетите се среќавале и по убиството на Ѓорчевска.  Жежовски првично се водеше како исчезнат, а потоа беше пронајдено неговото возило цитроен запалено кај Бразда на неколку метри од местото каде била закопана Вања. Жежовски е пронајден закопан кај местото Рудник, на патот помеѓу Велес и Скопје. Убиен е со пиштол. И Вања беше пријавена за исчезната. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите