Падна „оставка“ поради Договорот од Преспа
Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2019
Грчки градоначалник поднесе оставка поради ратификација на Договорот од Преспа.
Се работи за градоначалникот на Стилида, Апостолос Глетос кој поднесе оставка бидејќи бил ратификуван договорот од Преспа денеска во грчкиот Парламент, пренесува ТВ21.
Оваа оставка како што истакнал тој, следувала како протест против Договорот од Преспа.
Градоначалникот оваа одлука веќе претходно ја имал најавено на социјалните мрежи преку видео порака.
Вчера во Грција имаше протести против Договорот од Преспа.