05 Мај, 2024
0.1643

Падна одлуката – ќе никне огромен крст во Аеродром!

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Советниците во општина Аеродром одлучија , ќе се гради 33 метарски крст на раскрсницата на булеварот Србија и Трета македонска ударна бригада. Одлуката ја изгласаа советниците од владејачката партија додека тие од СДСМ беа воздржани во однос на иницијативата на Светскиот македонски конгрес (СМК) за изградба на овој крст. Со оваа одлука општината всушност го отстапи просторот за изградба на „времен објект со културна и верска содржина“. Според планот, крстот ќе го гради  Светскиот македонски конгрес на чело со Тодор Петров, а преку донации. Кога ќе биде готов, ќе и биде даден на општината. Иницијативата беше дадена во општина Аеродром, а како што стои во соопштението од Конгресот локацијата е намерно избрана за да може крстот да се гледа во три општини, Газа Баба, Аеродром и Кисела Вода. Главниот проект пак до општината ќе биде доставен до крајот на 2013 година, а по добиеното одобрение, крстото ќе се монтира за 2 месеци. „Крстот ќе биде монтажен, висок 33 метри, колку што години живеел Исус Христ до неговото воскресение”, стои во соопштението на Светскиот македонски конгресод каде велат дека крстот не е антиисламски симбол, туку дел од културата на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ