Пад на цената на нафтата
Објавено во: Свет 01 Октомври, 2013
По наредбата на Белата куќа за прекин работата на одредени владини агенции поради неизгласувањето на буџетот, нафтата денеска поевтини.
Барел американска „лесна“ нафта за испорака во ноември на берзата во Њујор се продава за 101,95 долари односно 38 центи помалку од вчера.
Цената на нафтата „брент“ на берзата во Лондон се намали за 33 центи на 108,04 долари за барел.