28 Април, 2024
0.0271

Пацоли со сендвичи ги честел своите полицајци

Објавено во: Стил 30 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Сите полицајци кои биле вклучени во акцијата на движењето „Самоопределување“ пред косовскиот Парламент во четвртокот, на 27 јуни, добиле сендвичи од косовскиот вицепремиер Беџет Пацоли. Така по  завршувањето на седницата на Парламенот, кога беше ратификувана спогодбата од Брисел меѓу Србија и Косово, од собраниското бифе келнерите со сендвичи ги послужиле сите припадници на косовската полиција, кои изморени и извалкани со боја која ја фрлале демонстрантите, биле седнати да одморат.

„Кога заврши седницата Беџети ги виде изморените полицајци и нарача сендвичи за сите нив“, потврди пратеничката од неговата партија, Алијанса за ново Косово, Мусејене Селмани, а пренесоа косовските медиуми кои пресметале дека за ова Пацоли потрошил 450 евра.

Беџет Пацоли е најбогатиот човек на Косово и едно од најбогатите Албанци во светот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти