18 Мај, 2024
0.2861

Пациентите се жалат, „МОЈ ТЕРМИН“ не функционира на терен!

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Животот со хронична болест може да биде особено тежок, доколку она што ви е најважно, лекарската грижа ви се доведува во прашање. Неизвесноста со лекувањето на болеста, на своја кожа ја почуствува и 35 годишна скопјанка, која боледува од хронично хормонско пореметување, Хипотиреоза. Болеста која е карактеристична со недоволно создавање на хормонот на штитната жлезда, кај скопјанката предизвикува чести хормонални проблеми, и нагло влошување на здравствената состојба. Токму во такви моменти жената е зависна од својот лекар – специјалист на клиниката за Ендокринологија кој вели цел живот ја следи нејзината состојба. Но скопјанката се жали по воведувањето на електронскиот систем за закажување на министерството за здравство, таа не може веќе да пристапи до својот лекар. Кога последен пат отишла на матичен лекар, жената добива одговор дека за закажување кај својот лекар мора да чека до 15 – ти Декември, или цели 4 месеци.

Матичната лекарка ми кажа дека кај мојот лекар нема слободен термин, може да ми закаже кај друг лекар. Значи поради бирократска процедура јас морам да се откажам од мојот избран лекар и да почнам нова пациент – лекар релација со друг. Порано без електронскиот систем ќе отидев на клиника со упат, можеби ќе почекав некое време но секогаш ќе се видев со мојот лекар – вели 35 годишата скопјанка

Но неможноста да се дојде до својот лекар не е единствен проблем на болната скопјанка. Вели имала проблем и со самиот систем на закажување. Објаснува дека често се случува да добива напади, мора да прави итни испитувања, но и се случило лекарот – интернист кај кого била пратена од матичната лекарка да не може да и закаже на специјалист поради пад на целиот систем.

Наместо да се поедностави се искомплицира целиот систем, отидов на интернист да закажам ме врати, вели паднат е системот. Кога го прашав дали може да дојдам утре, ми кажа дека системот нема да работи 2 до 3 дена – вели 35 годишата скопјанка

Фактор не успеа да добие одговор од министерството за здравство на прашања поврзани со функционирањето на системот “Мој термин”. Одговор од министерството не дојде ниту на прашањата поврзани со проблемите на пациентите.

ПАЦИЕНТИТЕ КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА, МАТИЧНИТЕ МЕЃУ ЧЕКАН И НАКОВАЛНА

Дел од матичните лекари со кои разговараше Фактор, велат дека проблемите со електронскиот систем за закажување ги чувствуваат на своја кожа. Но нивниот проблем велат е поголем бидејќи се притиснати помеѓу маките на пациентите и казните и насоките на министерството и фондот за здравство, доколку не работат по системот. Матичните со кои разговаравме велат дека самиот систем не им дава можност за бирање, гледаат кога има слободен термин и закажуваат.

Пациентите својот револт најчесто го истураат врз нас, но ние сме беспомошни, какви алатки ни дале, со тоа работиме – вели матичен лекар за Фактор.

Екипата на Фактор излезе на терен за да разговара со пациенти во однос на проблемот со закажување. Пред амбулантата во скопската населба Чаир не требаше многу време да се дојде до луѓето кои објаснуваат што им пречи во системот. 59-годишниот скопјанец Стојан Велковски објаснува дека поради проблеми со простата отишол на матичен лекар. Вели прв пат почуствувал болки, но тие не се интезивни и не се чести, па затоа матичниот лекар заклучил дека не е итен случај и му закажал редовен преглед на специјалист. Проблемот за Велковски е што во месец Ноемви, единствен слободен термин за специјалист за неговата мака е во Фебруари. Матичната лекарка му кажала, дека доколку му се влоши состојбата, ќе добиел итен упат.

Јас не знам што направија со здравствово, сега треба три месеци да чекам само да видам што е тоа што ме боли. Јас се согласувам дека не е итна состојбата, но од каде да знам што ми е, можеби се работи за тумор или нешто полошо, сега треба да живеам во страв до Фебруари, и не можам да отидам на лекар – вели Стојан Велковски.

И Велковски потврдува дека сегашниот начин на закажување го збунува бидејќи порано можел многу побрзо да стигне до лекар. Скопјанецот објаснува дека и целта на самиот систем често не се постигнува. Тоа вели му се случува него и на неговите познаници, кога по неколклу неделно или месечно чекање ќе отидат на закажаниот термин. Тогаш Велковски вели се случува повторно да чекаат со часови бидејќи лекарот поради повеќе причини не може да ги прими на време. Најчесто поради поголемо траење на претходните или искрснување на непредвидливи сотстојби. Не ретко вели Велковски се случува лекарот да не може воопшто да ги прими, тогаш вели скопјанецот се губи целиот термин.

Претходно надлежните од министерството за здравство изјавија дека електронскиот здавствен систем Мој термин успешно се спроведува, дека бројот на пациенти кои закажуваат термин по електронски пат се зголемува, и дека системот успеал да ги намали турканиците во болниците.

С.Р.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата