02 Мај, 2024
0.0245

Овие сиптоми укажуваат дека треба да посетите лекар

Објавено во: Стил 20 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Понекогаш симптомите кои ги чувствуваме не се опасни за нашиот организамот и се јавуваат под влијание на некој локален фактор и брзо поминуваат. Но постојат и симптоми кои не смееме да ги игнорираме, особено ако ги чувствуваме долго време. Во продолжение следуваат 6 симптоми, кои доколку ги имате подолго време треба да Ве загрижуваат и да бидат доволна причина за посета на лекар. Симптом на прејаденост  Се јавува доколку се чувствувате прејадени, иако сте јаделе многу мало количество храна. Ваквите симптоми налагаат итно посета на доктор. Симптомите можат да укажуваат на присуство на хеликобактер, инфекции на желудникот, па дури и карцином. Нагли промени на расположението  Се јавуваат често кај луѓето. Ако почувствувате дезориентираност, интензивно агресивно однесување изненадна претерана желба за секс како и други слични симптоми, веднаш посетете лекар. Може да се работи за проблеми со кардио-васкуларниот систем како и варијации во нивото на шеќер во крвта, а кај некои луѓе овие симптоми се причинети од анемии кои имаат различен карактер. Крв во столица Појавата на крв во столицата е голема причина за посета на лекар. Крвта во столицата може да значи, рак на дебелото црево, желудникот или ректумот, хемороиди или други проблеми поврзани со гастроинтестиналниот систем. Како и да е, сите се многу сериозни и мора да се третираат. Искашлување на крв  Обично значи проблеми со респираторниот систем. Може да биде предизвикано од респираторни вируси или од белодробен тумор, може да има и полесена етиологија, но мора да се посети лекар. Долготрајно покачена температура  Покачената температура обично немора да значи веднаш дека нешто е сериозно, но ако и по 5-6 дена не се смирува или постојано варира, повеќе од очигледно е дека мора да посетите лекар. Отежнато дишење, или недостаток на воздух  Се јавува од многу причини, најчесто поради обструкција на белодробните патишта. Како и да е, оваа состојба е неодложна и треба да се побара лекарска помош.