Оваа земја урива рекорди со обновлива енергија
Објавено во: Свет 19 Април, 2017
Минатиот месец Германија произвела 19,5 теравати или 41% од вкупните потреби од обновливи извори што е рекордно производство на овој вид енергија.
Високото ниво на електрична енергија од обновливи извори се должи на зголемено производство на струја од ветерници и соларни панели, по што следува биомасата како гориво. Наспроти обновливите извори кај нуклеарната енергија има пад на производството иако од 2015 година не е затворена ниту една нуклеарната централа, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Само од ветерници, на 18 март, Германија произвела 38,5 гигавати електрична енергија од ветер што е апсолутен рекорд во државата.
Информацијата за рекордно производство на електрична енергија од обновливи извори е објавена по вестите дека Германија планира дел од термоелектраните на јаглен да ги замени со батерии кои ќе се полнат со енергија од обновливи извори, а кои ќе можат да ги задоволат потребите за струја на повеќе од 400.000 семејства.