Оваа земја доживува чоколаден бум
Објавено во: Балкан 07 Април, 2017
Бројките покажуваат дека извозот на чоколади од Србија лани се зголемил за 20%, а увозот паднал.
Српската кондиторска индустрија заработила 150,6 милиони долари.
Една година претходно таа бројка била 128 милиони долари.
За 24% се зголемил извозот на кекси, вафли и бисквити.
Пласманот на чоколади и бонбони се зголемил за 18%.
Овие производи се извезуваат највеќе во земјите од бивша СФРЈ, а највеќе во БиХ.