Добивај вести на Viber
Сигурно секој од вас се соочил со колеги кои имаат преголемо его и се многу арогантни на работното место, па ако мислите дека вие имате проблеми во вашата бранша, ова се трите професии со најарогантни луѓе. Истражувањето е направено од PayScale, компанија која ги проучува примањата и ефикасноста.
Според анкетата, најсамоуверени се главните готвачи во рестораните. Дури 74% од нив одговориле дека се многу подобри од своите колеги на слична позиција или пак во конкуретен ресторан или кујна.
Следни се сосема очекувано извршните директори со 72% на арогантност дека се подобри од сите останати бидејќи имаат превисоки плати, бенефиции и многу моќ.
Топ 3 листата ја заокружуваат уметничките директори. Во полето на уметноста секогаш има простор за суета и потреба од внимание на јавноста, па успешните директори добиваат голем его буст.