02 Мај, 2024
0.0247

Ова се правилата на Бил Гејтс кои не се учат на училиште

Објавено во: Стил 29 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Бил Гејтс, американскиот бизнисмен и информатичар, основач на „Microsoft“одржа говор во едно  училиште за 11-те работи кои не сте ги слушнале и никогаш нема да ги слушнете во училишните клупи: Правило 1: Животот не е фер, навикнете се на тоа! Правило 2: Светот не го интересира твојата самодоверба. Светот те прифаќа ако постигнеш нешто пред да почнеш добро да се чуствуваш во својата кожа. Правило 3: Нема да заработуваш 60.000 долари годишно кога ќе завршиш со средно училиште. Нема да бидеш потпретседател со службен телефон, се додека тоа не го заслужиш. Правило 4: Ако мислиш дека твојот учител е строг, почекај да видиш кога ќе го добиеш шефот. Правило 5: Печењето хамбургери не ти е под чест. Твоите предци имале друг збор за печењето хамбургери: тиe го нарекле тоа можност. Правило 6: Ако згрешиш не се твоите родители виновни, не „плачи“ за твоите грешки, учи од нив. Правило 7: Пред твоето раѓање родителите не беа досадни како сега. Станале такви поради плаќањето на твоите сметки, чистењето на твојата облека и слушајќи те тебе како говориш дека си „cool“. Затоа пред да ја спасиш шумата од паразити обиди се да го средиш плакарот во твојата соба. Правило 8: Твоето училиште има начин за решавање и на победникот и на губитникот, животот нема. Во некои учичишта ги укинаа негативните оцени и ти даваат безброј шанси да го дадеш вистинскиот одговор, но тоа нема никаква сличност со вистинскиот живот. Правило 9: Животот не е поделен во семестри. Нема слободно лето и многу малку вработени се заинтересирани да ти помогнат да се пронајдеш самиот себеси. Тоа стори го во своето слободно време. Правило 10: Телевизијата не е вистинскиот живот. Во вистинскиот живот луѓето мораат да го напуштат кафулето и да заминат на работа. Правило 11: Биди љубезен со бубалиците. Големи се шансите во иднина да работиш за некој од нив.