28 Април, 2024
0.0921

Ова се најбогато разведените балканки

Објавено во: Стил 23 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Бракот, но и разводот, понекогаш се повеќе од добра инвестиција и начин за заработка. Омажи се богато, разведи се уште побогато, така денес размислуваат некои жени, но и мажи. Некои жени во Велика Британија, но и во други земји, од судницата после разводот излегуваат „потешки“ за дури неколку стотини милиони евра. Меѓу трите најбогатите се и две жени со потекло од нашите простори. На прво место е секако Хрватицата Славица Еклесон, која со сума од 740 милиони фунти се најде на самиот врв на списокот на Тајмс за најбогато разведени жени, јави „Дејли Меил“. На второ место е Ирина Маландина, која после разводот од Роман Абрамович се збогати за цели 155 милиони фунти. На трето место е Диана Санела Џенкинсс од Босна и Херцеговина. Позната хуманитарка, која во брак со Роџер Џенксинс беше десет години, а после разводот доби половина од неговото богатство, односно 150 милиони фунти. Богатиот банкар и Босанката се разведоа во 2011 година и нивниот развод го нарекоа најсреќен кога и да е, а во медиумите наведоа дека се разделиле во пријателската атмосфера и оти и понатаму се во пријателски односи. На четврто место е Галина Бешарова, на која бракоразводната парница од 45 секунди и донесе 100 милиони фунти. Се работи за поранешната сопруга на Борис Березовски, рускиот тајкун кој неодамна беше пронајден мртов. На петото место е Беверли Черман, но сумата која ја доби изнесува „само“ 48 милиони фунти.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти