Ова се 10 најбарани професии во Хрватска
Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2017
Во Хрватска во 17% од објавените огласи се бараат трговци или продажни застапници, а во 13% работници за во производство или занаетчии.
Сајтот Moj Posao открива дека секој 5 оглас кај нив бил за работа за во туризам и угостителство.
Десет најбарани професии во Хрватска лани биле келнер, продавач. готвач, програмер, возач, продажен претставник, учител, работник за во склад, фризер, и администратор.
Сепак во земјата недостигаат луѓе за работа во кафулиња и ресторани и порталите пишуваат за тоа дека и за други позиции ќе има проблем да се најде кадар.
Се наведува дека луѓето кои би можеле ова да го работат веќе заминале и ја нашле среќата во Германија, Австрија и Ирска.
Програмерите се почесто се решаваат да бидат сами свои газди отколку да работат за плата.