„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!
Објавено во: Македонија 18 Април, 2024
Дека Скопје кубури со паркинг место е непобитен факт, но исто така и возачите се тие кои придонесуваат дополнително за сообраќајниот хаос и хаосот со паркирањето.
На социјалните мрежи, поточно, во групата „Стари скопјани“ се споделува фотографија на која се гледаат повеќе од десетина возила паркирани под мостот Гоце Делчев, на кејот покрај реката Вардар, каде всушност е пешачка зона и забрането е да се паркираат и движат возила.