17 Мај, 2024
0.0251

ОВА Е ЗЕМЈА ЗА КОЈА СИТЕ СОНУВААТ: Штом се родиш имаш заштедено 20 000 долари!

Објавено во: Финансии 27 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

После речиси пет години негативни каматни стапки, данските домаќинства се побогати од некогаш, ако судиме по податокот дека заштедата на граѓаните во Данска достигнала во декември рекордно ниво.

Со вишокот на пари со кои не знаат што ќе прават, Данците „ги клукаат“ своите банки кои се преполни со штедни сметки, па така земјата која го држи светскиот рекорд по негативни камати, сега исто така има и рекордна банкарска заштеда.

Данците имале „импресивен раст на реалните плати“, рекол во телефонска изјава за агенцијата Блумберг главниот економист на Никредит , Торе Страмер.

Негативните камати (референтната каматна стапка на депозити е минус 0,65 посто) коинцидирале со траен раст на вработеноста и, што е уште поважно, со расцветан станбен пазар, рекол тој, додавајќи дека банките се воздржале од воведување на негативни камати за граѓаните.

Страмер проценува дека, кога вкупниот износ на заштеда се подели по жител, секој маж, жена , дете и новороденче во Данка имаат на штедните книшки по 21 000 долари.

„Имаме таков „ветер во грб“ кај приходите на домаќинствата што Данците можат истовремено и да ја зголемат потрошувачката, да ги намалат долговите и да го зголемат своето богатство“, истакнал тој.

Постојат сигнали дека, охрабрени од рекордното ниво на богатство, Данците почнале да го намалуваат рацио бруто долгот кон расположливите приходи, кој е најголем меѓу богатите земји во светот. Прв пат од 2009 година, уделот на сопственици на куќи кои исплаќаат главнина  на своите хипотекарни кредити го надминува уделот на оние кои ги отплаќаат кредитите кои носат само камата.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!