18 Мај, 2024
0.0250

Ова е најубавиот метеорит кој паднал на земјата

Објавено во: Стил 29 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Метеоритот Fukang , за кој се смета дека е стар околу 4,5 милијарди години - антички колку и самата Земја, беше откриен крај кинескиот град со истото име во 2000-та година. Тој е вид метеорит со транспарентни минерални кристали од Оливие . Вградени во никел плоча , тие се претвораат во најубавото туѓо парче карпа што човек некогаш го видел. Fukang е пронајден од турист кој ручал на чудна карпа. Чудејќи се од какви минерали е направен, мажот откачил дел од неа и ја испратил во САД, каде што се потврдило дека станува збор за метеорит. Карпата тежи над илјада килограми и е толку убава што секој сака парче од неа. Од нејзиното откривање до денес, таа е расечена на илјада парчиња кои се продаваат во целиот свет. Најголемото парче се наоѓа во Универзитетот во Аризона - тоа е со тежина од 420 кг. Во 2008 година се очекуваше да се продаде за 2 милиони долари на аукција во Bonham's во Њујорк , но потенцијалните купувачи се запреа на фосили од диносауруси. Според Bonham's метериоритот се состои од 50% Оливие и 50 % никел и се смета дека претставува остаток од формирањето на планетите. Најверојатно потекнува од метеорит, создаден за време на формирањето на Сончевиот систем пред околу 4,5 милијарди години .