03 Мај, 2024
0.0256

Ова е најскапото парче земја во Европа?

Објавено во: Стил 18 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

„Стојам на најскапото парче земја во Европа, а можеби и во светот“, се пофали под сликата на социјалните мрежи еден од водечките брокери од Москва, кој се занимава со продажба на луксузни имоти.

Станува збор за парче земјиште во близина на руската престолнина, а кое што го продаваат од компанијата „Knight Frank“.

Парцелата од 355 декари се нуди за 88.75 милиони долари, или 2 500 долари за квадрат. Според агентите за недвижности, земјата се наоѓа во елитото село „Gardens Meiendorf“ чие име доаѓа од замокот кој и  припаѓа на администрацијата на претседателот.

Понекогаш замокот се користи и како државна резиденција за средби на државниот врв на Русија со странски официјални претставници. Територијата на ова парче земја е мешана шума со различна висина на пејзажот. Локацијата е поврзан со сите потребни комуналии и е наменета за градба. Претставници на пазарот на недвижности сметаат дека високата цена на земјиштето е сосема оправдана. „Пазарот е вакви објекти е многу редок поради ограничениот  број", објаснува шефот на „Knight Frank“ Андреј Соловјов. „Купувачите се секако богати луѓе кои сакаат да изградат свој дом од соништата, кој одговара на нивните потреби за инфраструктура, здравство, грижа“, велат агентите кои додаваат дека овие луѓе се подготвени да платат многу за ваква земја.