Отвориле работни места скоро колку што Франција има жители
Објавено во: Финансии 01 Јануари, 2018
Во Кина за пет години се отворени повеќе од 65 милиони работни места, што е скоро еднакво на целата популација на Франција.
„Во кинеските градови од 2012 година отворени се повеќе од 65 милиони работни места, што ја задржа невработеноста на ниско ниво“- изјави кинескиот министер за човечки ресурси и социјална безбедност, Јин Вејмин.
Државата доживува економски просперитет. Кина до 2030 година можно е да стане економска велесила во светот.