19 Мај, 2024
0.0299

Отворен новиот ексклузивен центар за ЈАГУАР и ЛЕНД РОВЕР во Скопје

Објавено во: Мои пари 31 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Вечерва со авангардна музичко-сценска изведба официјално беше отворен новиот ексклузивен центар за Jагуар и Ленд Ровер во Скопје. Новиот објект е лоциран на улица Скупи и веќе од денес е подготвен да ги услужи како постојните сопствениците на Јагуар и Ленд Ровер, така и новите клиенти заинтересирани за британските премиум автомобили.

Врвниот квалитет и иновативноста во комбинација со легендарниот британски дизајн и креативниот инженеринг се белезите по кои е препознатлив овој бренд. Софистицираноста и беспрекорноста се главните карактеристики на новиот продажен салон, кој е дизајниран според сите стандарди на Јагуар и Ленд Ровер. Тоа што посетителите го гледаат тука е идентично со тоа што може да го видат во кој било ваков овластен центар секаде во светот. Новиот центар за Јагуар и Ленд Ровер опфаќа 680 м2 и истиот се состои од изложбено-продажен простор за нови автомобили, како и дел за сертифицирани користени возила. Воедно, новиот објект нуди и единствени, овластени од производителот на Јагуар и Ленд Ровер, постпродажни и сервисни услуги.

„Се гордееме што имаме привилегија да ги застапуваме најпрестижните брендови во автомобилската индустрија Јагуар и Ленд Ровер. Потпирајќи се на нашето досегашно искуство, се надеваме дека „Аутомобили груп“ ќе ги исполни очекувањата на голем број почитувачи на овие марки. Пријатната атмосфера на објектот овозможува секој посетител да се чувствува добредојдено, а за нашите вработени претставува одлично место за работа. Како таков, новиот објект не само што го поддржува позиционирањето на марките Јагуар и Јенд Ровер, туку го става клиентот во срцето на секој дел од нашето работење.изјави генералниот директор на „Аутомобили груп“,г. Кочо Бураку.

На свеченото отворање говор одржа и г. Антон Талпа, регионален менаџер за продажба на Јагуар и Ленд Ровер, задолжен за европскиот регион. Тој накратко ги запозна присутните со глобалната експанзија на овој британски производител. 

Гостите што беа дел од настанот имаа можност одблиску да уживаат во изложените модели меѓу кои и новитетите Jaguar F-Pace и Land Rover Discovery.

Фотографиите што ви ги пренесуваме се од вечерашното отворање.

Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда